Пишев: Струмица плаќала поскап превоз и од Токио

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев денеска обjави три нови релации за кои, како што рече, Општина Струмица плаќала двојно поскап превоз од Битола.

– Аналогно на зборовите на специјалната обвинителка Фатиме Фетаи кои произлегоа од очигледната политичка хајка против Владимир Талески дека Битола плаќала превоз поскап од Токио, тогаш врз основа на факти и докази можеме да заклучиме дека Општина Струмица и единствениот актуелно помилуван политичар Зоран Заев плаќале дупло поскап превоз за ученици од едно Токио, рече Пишев на прес-конференција.

Тој рече дека општината плаќала двојно поскап превоз за релациите Радовиш-Калуѓерица-Струмица, Нова Маала-Добрашинци-Струмица и за Злеово-Струмица.

– За релацијата Радовиш-Калуѓерица-Струмица во должина од 34 километри, Општина Струмица плаќа неверојатни 230 денари по ученик, а за исто толку долга релација Битола- Бучин, Општина Битола плаќа 94 денари или скоро дваипол пати помалку од Општина Струмица и Зоран Заев. За релацијата Нова Маала-Добрашинци- Струмица што е во должина од само 15 километри, Општина Струмица плаќала 105 денари по ученик, додека Општина Битола за скоро дупло подолга релација од Битола до Подино плаќала двојно пониска цена по ученик од 49 денари, истакна Пишев.

Би можело да ве интересира

Пишев до Јанкулоска: Прати го Чавков да ми биде логистика во Струмица

Наум Локоски

Пишев: Не реков дека ќе убиеме, туку дека ќе умреме за Македонија

Наум Локоски

(ВИДЕО) Пишев: Мора да се стави крај на матните зделки на Заев

Наум Локоски

Пишев: Факт е дека касарната е дадена на управување на Општина Струмица

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Парталов: Пишев не може да го смири стравот на Груевски

Предраг Петровиќ

Пишев: Заев молчи зошто е фатен на дело и нема аргументи

Емир Латифовиќ