Пишев: Кога СЈО ќе преземе мерки за цените на превозот во Струмица

Од:

Пратеникот Васил Пишев денеска на прес-конференција посочи дека веќе два дена нема одговор за, како што кажа, скандалот со превозот на ученици во Струмица.

– Отворено и јавно прашуваме како е можно нешто што Општина Битола го плаќала по една цена, истото Општина Струмица да го плаќа по двојно, тројно повисока цена. Зошто Талески е мета на политички острел на СДСМ, а за Заев не важат законите. Каде завршуваат овие пари, зошто се разграбуваат граѓаните. И на крајот не дали, туку кога ќе биде акцијата на Специјалното јавно обвинителство, праша Пишев.

Според него, за иста дестинација со иста километража Општината Струмица исплаќа 103 денари по ученик на Струмица Експрес, а 20 проценти повеќе на фирмата Тритерол, односно 126 денари. Пишев прашува дали ова е фаворизирање на една фирма во однос на сите други.
– Релации со приближно иста должина Општина Струмица ги преплаќа во однос на една Битола. За релацијата Струмица – Чанаклија – Гечерлија – Сарај – Просениково што е во должина приближно од 24 километри, Општина Струмица плаќа дури 160 денари по ученик, а за исто толку долга релација од Битола до Иванчевци, Општина Битола плаќа само 49 денари или триипол пати помалку од Општина Струмица и Зоран Заев, истакна Пишев.
Според него, за релацијата Бориево – Моноспитово – Робово – Дабиле – Струмица што е во должина од 16 километри, Општина Струмица плаќа на фирмата Тритерол 118 денари, додека Општината Битола за исто толкава раздалеченост на местата Битола – Беранци плаќа 53 денари или два пати помалку од една Струмица.
За релацијата Струмица – Рич – Попчево – Раборци – Струмица, што е некаде околу 37 километри, Општина Струмица на Тритерол и плаќа по 126 денари по ученик, а Општина Битола за релација со истата должина Битола – Ресен плаќа само 106 денари.

Би можело да ве интересира

Пишев до Јанкулоска: Прати го Чавков да ми биде логистика во Струмица

Наум Локоски

Пишев: Не реков дека ќе убиеме, туку дека ќе умреме за Македонија

Наум Локоски

(ВИДЕО) Пишев: Мора да се стави крај на матните зделки на Заев

Наум Локоски

Пишев: Факт е дека касарната е дадена на управување на Општина Струмица

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Парталов: Пишев не може да го смири стравот на Груевски

Предраг Петровиќ

Пишев: Заев молчи зошто е фатен на дело и нема аргументи

Емир Латифовиќ