Пишев: Дали „Тритерол“ е голема пералница на пари на функционерите на СДСМ

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев, на денешната прес – конференција изрази сомневање дека фирмата „Тритерол“ е голема пералница на пари во која според него, се вртат милионите на функционерите на СДСМ. Тој покажа документи, според кои фирмите на, како што рече Пишев, функционерот на СДСМ Лефтер Андонов преку општината добиле тендери во висина од милион и 150 илјади евра.

– СДСМ вчера јавно призна дека функционерот на СДСМ, Лефтер Андонов преку неговите фирми добивал тендери од Општина Струмица, односно нивната одбрана дека земал пари, ама не многу или поедноставно кажано, крадел, но не многу. Аболираниот Зоран Заев за криминал од 8,5 милиони евра преку Општина Струмица на функционерот на СДСМ Лефтер Андонов и на неговите три фирми „Тритерол“ Доел, „Тритерол- бенз“ и „Тритерол -Турс“ обезбедил тендери во висина од милион и 150 илјади евра, рече Пишев.

Според него, во документите се гледа дека преку осум тендери добиени во ист ден, за Пишев спорните фирми од Општина Струмица добиле 17.905.040 денари, а според други два договори со струмички „Комуналец“ уште дополнително 12.120.000 денари. Пишев рече, дека според него, поголем скандал се добиените тендери на оваа фирма во Општина Куманово, каде што градоначалник е од редовите на СДСМ.

– Фирмата во сопственост на функционерот на СДСМ има склучувано договори за јавна набавка и со Општина Куманово, со која исто раководи градоначалник од СДСМ, Зоран Дамјановски. Во месец февруари, за набавка на гориво „Тритерол Петрол“ добила бизнис од Куманово и Дамјановски во вредност од дополнителни 23.714.413 денари. Ова отвора сомнеж дека „Тритерол“ е голема пералница на пари во која се вртат милионите на функционери на СДСМ, рече Пишев на прес-конференцијата.

Би можело да ве интересира

Пишев до Јанкулоска: Прати го Чавков да ми биде логистика во Струмица

Наум Локоски

Пишев: Не реков дека ќе убиеме, туку дека ќе умреме за Македонија

Наум Локоски

(ВИДЕО) Пишев: Мора да се стави крај на матните зделки на Заев

Наум Локоски

Пишев: Факт е дека касарната е дадена на управување на Општина Струмица

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Парталов: Пишев не може да го смири стравот на Груевски

Предраг Петровиќ

Пишев: Заев молчи зошто е фатен на дело и нема аргументи

Емир Латифовиќ