МВР нема намера да ги фати сторителите на нападот врз ЛГБТИ прославата, на 23 октомври, велат активистите за ЛГБТИ и човекови права.
Тие раскажуваат дека напаѓачите кои во четвртокот дивееја во „Дамар“ биле исклучително брутални: ја опколиле 26-годишната девојка, ја собориле на земја, ја тепале и скршиле шише од нејзината глава. Девојката, за да се спаси, им рекла дека е трудна и се скрила под маса.
Оттаму информираат дека поднеле кривични пријави поднеле против фан страницата на фејсбук на Јанко Илковски и Миленко Неделковски и против порталите на алабански јазик Илирида.нет и Вилајето ком. Тужбите се за омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна или друга дискриминаторска основа, насилство, ширење расистички и ксенофобичен материјал. Поднесени се и кривични пријави против фејсбук профилот на Адијат Рака Фета заради предизвикување општа опасност и насилство.
– Не можеме да чекаме на институциите, откако во билтенот на МВР прочитавме дека се работело за „насилство на неколку непознати лица, при шо со фрлање камења биле искршени стаклата на објектот и со телесни повреди се здобиле две лица…“, сфаќаме дека слично како и претхдно е можно МВР да не ги пронајде сторителите. Никаде не пишува дека нападот се случил на прославата на ЛГБТИ заедницата, дека ова е шести по ред напад за 2 години и се работи за тренд кој бара посебни мерки од полицијата. Не беа неколку непознати лица, туку толпа од 30 организирани луѓе, маскирани со качулкки. Тие извикуваа „Овде нема место за педери!“. МВР не кажува дека се работи за насилство од омраза, вели Кочо Андоновски, извршен директор на ЛГБТИ центарот.
Напаѓачите се однесувале многу слично како и во претходните напади, знаеле дека во Дамар нема камери, па биле покриени само со качулки. Но, иако нема камери во самиот локал, има камера точно на бандерата во чаршија во правецот од каде што доаѓале и лесно може да биде откриен идентитетот на напаѓачите. Како доказ дека се работи за криминал од омраза е и фактот што Хелсиншки претходните недели, во Дамар организираше други настани, но ништо не се случи.
– Побаравме премиерот да го осуди овој напад, но тоа не се случи. Според нашите сознанија – ова не беше напад само врз ЛГБТИ заедницата, туку врз активисти за човекови права, врз Хелсиншки комитет, кој не е заедница туку организација и бренд познат во Македонија по својата борба за човековите права. Таа група е добро позната на МВР потребна е само политичка волја таа да се изведе пред лицето на правдата, вака власта испраќа порака дека насилството против ЛГБТИ е дозволено, рече Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншки комитет.
Таа денеска има средба со евроамбасадорот Аиво Орав, од кого ќе бара Делегацијата на ЕУ во земјава да излезе со силни пораки против ваквите напади.
-Да не се лажеме, МВР ваква банда може да фати за 15 минути, таа банда МВР ја знае. И сакам да истакнам дека не се работи само за Албанци, тука за мешан состав и не станува збор само за еден нарачател, туку за двајца, што е соодветно на коалицијата што владее во Македонија, вели Пировска.
ЛГБТИ центарот и Хелсиншки комитет веќе ги информирале меѓународните организации.
А.Б.