Пијанманова: Време е за нови, борбени луѓе во советот

Од:

На средбата со граѓани во Струмица, на која присуствуваше и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, беше претставена советничката листа на партијата во овој град. Носителката на листа, Јасмина Пијанманова, истакна дека е благодарна кон сите што се охрабриле да застанат рамо до рамо со неа и да бидат дел од тимот кој ќе се бори за вистински промени во Струмица.

„Левица за прв пат се појавува со своја советничка листа на овие локални избори и сметаме дека ќе внесеме нова свежина во политичкото делување, особено во битката за подобри услови за живот, поголема правда и еднакви можности за сите граѓани“, порача таа.

Пијанманова посочи дека еден од главните приоритети ќе биде обезбедување чиста вода за пиење, чист воздух и здрава животна средина, не само во градот, туку и во населените места.

„Ќе се залагаме за обновување на системот на дотур на вода од браната Турија и ставање во функција на браната Водоча, обновување на филтрите на водоводот и целосна замена на водоводната мрежа во градот. Ќе се залагаме и за чистење на депониите, отворање на фабрика за рециклирање и изработка на физибилити студија за користење на топла вода од Бања Банско за загревање на домаќинствата“, додаде Пијанманова.

Во програмата на Левица за Струмица, посебен акцент е сатвен на хуманизацијата на градот, а не негова бетонизација, преку уредување и одржување на јавни површини, како и подобрување на инфраструктурата во сите населени места.

„Ќе се залагаме за изградба и обнова на патната инфраструктура, ставање во функција на уметничката галерија и изградба на Дом за деца и млади. Особено внимание ќе посветиме на инклузија и поддршка на децата со посебни потреби преку изградба на современ центар за рехабилитација по сите светски стандарди“, истакна таа.

Освен тоа во план е подобрување на условите во образовните институции како и решавање на хроничните проблеми со поплавите на улицата „Младинска“ и сообраќајниот хаос во градот.

На крајот од обраќањето Пијанманова испрати порака до струмичани: „Време е да кажеме стоп за бипартизмот кој владее овие 35 години. Време е за нови, борбени луѓе кои ќе ја сменат перцепцијата кај граѓаните за тоа што значи да се биде советник, човек кој вистински се грижи за својот град и за луѓето во него“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола