Пијан поминал на црвен семафор, ќе му се суди на возачот кој усмрти маж и повреди малолетничка во Ново Лисиче

Од:

Во алкохолизирана состојба, поминувајќи на семафор со црвено светло и возејќи со брзина над дозволената. Ова според обвинителот се причините поради кои случила сообраќајката каде 21-годишен скопјанец го усмрти 48-годишниот жител на Стајковци, а во која 15-годишна ќерка на покојниот беше тешко повредена. На 21-годишниот скопјанец ќе му се суди за истото дело за кое беше осуден возачот кој ја усмрти Викторија кај „Сити мол“, а тоа е тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Истрагата утврдила дека 21-годишниот возач пристигнувал возило, по што удрил во автомобилот на возачот кој загина.

„Во текот на истрагата, се утврди дека на 26 јануари околу полноќ, обвинетиот управувал автомобил ‘Рено меган’ со скопски регистарски ознаки на булеарот ‘Видое Смилевски Бато’ во Скопје, во насока од запад кон исток. Притоа не се придржувал кон сообраќајните прописи – со автомобилот управувал со брзина од 62,9 км/ч која е за 12,9 км/ч поголема од максимално дозволената од 50 км/ч на јавен пат во населено место, притоа презел дејство на престигнување на НН возило непосредно пред крстосница, па со возилото навлегол во крстосницата задржувајќи го правецот на движење на запалено црвено светло на семафорот кое означува – забрана за минување, а воедно возилото го управувал под дејство на алкохол со концентрација на алкохол во крвта од 0,57 промили. Со предниот дел на возилото обвинетиот удрил во страничниот лев дел на автомобил ‘Фолксваген поло’ со скопски регистарски ознаки, кој се движел од сервисната улица кон булеварот. При несреќата, возачот на автомобилот ‘Фолксваген’ се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место, а неговата 15-годишна ќерка, сопатничка во автомобилот, се здобила со тешки телесни повреди“, посочија од скопското Обвинителство за „А1он“.

Обвинението е поднесено до Кривичниот суд, од каде се чека да го закажат и првото судење. За 21-годишниот скопјанец е побарано да му се продолжи притворот бидејќи постои сомневање дека тој може да избега и да го повтори делото.

Би можело да ве интересира

Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка

А1он

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

Судар меѓу воз и автобус, многу повредени

Предраг Петровиќ

Му откажале кочниците на „мерцедес“ и удрил во објект на Царинската управа