А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

by А1он11/03/2024 - 13:20755
Share0

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за 27-годишник со двојно македонско и австралиско државјанство, за кого постои сомнение дека сторил напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Добивај вести на вибер

На 10 март, на крстосница меѓу улиците „Партизанска“ и „Михајло Андоновски“ во Битола, осомничениот во видно алкохолизирана состојба управувал со автомобил „БМВ“. Двајца полициски службеници го запреле и се обиделе да го легитимираат, по што осомничениот најпрво започнал да ги навредува, а потоа и физички го нападнал едниот полицаец, удирајќи го по главата и вратот. Полицајците го совладале и го уапсиле.

Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.

bitolanasilstvopijan

Би можело да ве интересира

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он14/02/2026 - 15:1014/02/2026 - 17:01

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он14/02/2026 - 13:53

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Горан Наумовски07/02/2026 - 16:23

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски07/02/2026 - 14:0007/02/2026 - 14:39

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Горан Наумовски05/02/2026 - 07:54

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

Горан Наумовски04/02/2026 - 19:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен