Петрушевски: Заеви од голтари преку СДСМ до милионери, а не плаќаат над 1 милион евра за данок

Од:

Заеви од голтари преку СДСМ до милионери, а не плаќаат над 1 милион евра данок. Трите фирми во кои се јавувал Вице Заев како сопственик Сара Инжинеринг, Сара Јавор и Дравас не сакаат да платат над 1 милион евра. Фирмите на Заев вртат над 50 милиони евра годишно, и не сакаат да платат 1 милион евра данок кон државата рече на прес конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Според информациите кои ги објави Управата за јавни приходи, Дравас не сака да плати 43 милиони денари, Сара Инжинеринг не сака да плати 19 милиони денари, а Сара Јавор не сака да плати данок од над 2 милиони денари. Да биде проблемот уште поголем Сара Инжинеринг, е фирмата преку која Заеви испумпале кредит од 36 милиони денари од Еуростандард банка, за кој немаат платено ниту денар. Сара Инжинеринг е фирма која не сака да го плати долгот кон Управата за јавни приходи, но не сакала да го врати ниту кредит кој го земала, и цели 620 дена не уплатила ниту една рата од кредитот. Заради Заеви и таквите како нив пропадна банка, а сега заради нивното неплаќање даноци, Управата за јавни приходи затвора други фирми кои не смеат да задоцнат ниту еден ден.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус