Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

Од:

Она што се случуваше околу Скопје со пожарите, воопшто не беше случајно, туку очигледно цел од една организирана акција на лица кои не му мислат добро ниту на Скопје, ниту на Македонија, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Полицијата пронајде дрва потопени во бензин, гума и ракавици на неколку места на кои имаше пожари околу Скопје. Институциите реагираа и приведоа неколку лица, дел од кои се поврзуваат и со опозицијата, и се дури и нејзини функционери. Дали целта беше да се создаде хаос во Скопје? И дали затоа веднаш по избивањето на пожарите се вклучи СДС и до нив блиски чинители со соопштенија и коментари? Тргна ли опозицијата во организирана акција за искористување на пожарите во политички наратив? Единствено нешто што очигледно ја осуети ваквата злонамерна политика на опозицијата беше брзата реакција на институциите, новите возила кои ги промовираше премиерот и високо мотивираниот кадар. Хаосот кој некој го проектираше не се случи, но остана отворена дилемата за политичката позадина, која ако се докаже, некој сериозно треба да понесе одговорност, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус