Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, обвини дека подзаконскиот акт за медицински канабис донесен од СДСМ е во колизија со законот и отвора сомнежи за можен криминал.

„Лиценците за производство на медицински канабис не биле достапни за сите. Критериум биле блискоста со Зоран Заев и Венко Филипче. Затоа, најмногу фабрики за медицинска марихуана се концентрирани во струмичкиот регион“, рече Петрушевски.

Тој додаде дека во 2020 година Заев и Филипче планирале целосна легализација на марихуаната со цел да ја направат Македонија светска туристичка атракција, но оти обидот не успеал.

„Правилникот за одгледување на канабис дозволува производство на цвет кој не ги задоволува ГМП нормите, што значи дека маслото кое се извлекува не може да биде лиценцирано или ставено во промет. Прашањето е кој бил мотивот за тоа – легален бизнис или продажба на црниот пазар?“, потенцираше Петрушевски.

Тој ги повика Јавното обвинителство да го истражи случајот и да го открие „криминалното дуо“ зад подзаконскиот акт.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО