Петрушевски: Љупчо Коцевски премолче за сите криминали на СДС

Од:

Љупчо Коцевски премолче за сите криминали на СДС.Владата се погрижи осум месеци ЈО Љупчо Коцевски да има клима за работа без притисоци и со институции на располагање без притисок од некој политички центар, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– ЈО Љупчо Коцевски, 8 месеци наместо да се зафати за работа и да почне да ефектуира случаи на висока корупција, тој го преспа периодот. Љупчо Коцевски не само што не отвори постапки за случаи за кои и јавноста и медиумите гласно зборуваа, туку и ги забошоти случаите кои како готови му беа сервирани од разни институции. Љупчо Коцевски наместо во спроведување на законот, се фрли на соработка со СДС. Неминовна е смената на Коцевски, особено по извештајот на Транспаренси, кaде е очигледно дека тој е еден од главните виновници за истиот, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче