Петрушевски: ДУИ додека беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација, прочитани се

Од:

Додека ДУИ беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација, прочитани се.

ДУИ како власт во 2023 година учествуваше во изготвување на Стратегија за реформи во администрацијата 2023 – 2030 во која се нотира дека балансерот има бројни злоупотреби и истиот треба да се укине.

ДУИ прифатија укинување на балансерот од позиција на власт, и тогаш не повикуваа на протести, затоа што беа насочени на матни тендери и играње фудбал по канцеларии, рече на прес конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Од позиција на опозиција, сега корумпираните функционери од ДУИ не може да местат тендери и тогаш почнуваат да злоупотребуваат етнички прашања со цел дестабилизација.

ДУИ само бараат причини за дестабилизација затоа што се плашат дека нивните функционери кои 20 години ја крадеа државата ќе се соочат со одговорност.

И додека функционерите на ДУИ 20 години ја ограбуваа државата, јавајќи на бранот на етнички теми, стотици илјади наши сограѓани ја напуштија државата, токму заради тие лоши политики.

ДУИ се прочитана книга и никој повеќе не им верува.

И Европската Комисија нотираше дека балансерот се злоупотребува и дека истиот треба да се укине. Тогаш ДУИ молчеше, за да краде.

Македонија сега оди напред, кон економска трансформација, владеење на правото и држава во која младите ќе ја гледаат својата иднина, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ