Петровска: Во Тетово се приведени три лица од 40 контролирани возила

Од:

Техничката заменик-министерка, Славјанка Петровска, објави дека за два часа од почетокот на полицискиот час, вечерва во Тетово се приведени три лица кои не ја почитувале забраната за движење. Таа ги посети пуктовите низ градот и посочи дека полицијата постапува во интерес на граѓаните.

„Вечерва сум во посета на безбедносните пунктови на територија на СВР Тетово. Разговарав со припдниците на МВР кои се поставени на безбедносните пунктови Монопол, Медицинско учлиште и Боговиње. До овој момент приведени се три лица кои не ја почитувале забрана за движење, а вкупно 40 возила се контролирани. Полицијата постапува во интерес на граѓаните и се грижи за доброто на сите нас. МВР за граѓаните“, посочи Петровска.

Полицијата од полициската станица Гостивар во првите три часа од полицискиот час исконтролирала 29 возила, односно легитимирала 31 лице.

Полицискиот час почнува во 21 часот и трае до 5 наутро.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on