Петровска во Јегуновце посети семејства погодени од вчерашното невреме

Од:

Пратеничката од шестата изборна единица и кандидатка за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска денеска ги посети граѓаните во населеното место Сиричино, општина Јегуновце едно од местата каде имаше најголеми штети од вчерашното невреме.

Петровска посети неколку семејства и една приватна компанија, кои синоќа претрпеа големи штети од невремето.

„Страшни се последиците по имотите од вчерашното силно невреме што го зафат овој крај. Упатувам апел до општината во рамки на своите надлежности во брз рок да обезбеди надомест за да се санираат штетите, а јас како пратеничка во Собранието ќе ги искористам сите свои ингеренции да се изборам за финансиски надомест и од страна на централните институции. Временските непогоди не можеме да ги предвидиме и пресретнеме, но со заедничка помош и поддршка можеме полесно да ги надминеме штетите и последиците“ рече Петровска пред граѓаните на Сиричино.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Судот утврди дека Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против мене

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петровска до Николоски: Спроведовте ли надзор над општина Чаир за дивоградбите?

Во сообраќајката кај Момин Поток загинаа полковник Стефан Ивановски и Ана Нешовска од Министерство за одбрана

А1он

(ВИДЕО) Петровска: Тошковски ја контаминираше истрагата за Кочани

Министерката за финасии повтори дека никого не навредила: Ќе стане јасно зошто се случуваа сите овие работи

Силјановска Давкова: Во Собранието треба да се мерат зборовите, не е лошо човек да се извини

Катерина Ѓуровски