Петровска: Се случуваат потези што во јавноста не оставаат впечаток дека се подготвуваме за фер и демократски избори

Од:

Пред месец дена кога се формираше техничката Влада бев многу голем оптимист дека Министерството за внатрешни работи без оглед на промените внатре ќе обезбеди услови за спроведување фер и демократски избори.

Месец дена подоцна не сум песимист, но не сум толку убедена.

Тоа не значи дека нема да има фер избори, но изминативе месец дена по тоа што и јавноста имаше можност да види што се случува во МВР се случуваат потези што во јавноста, не оставаат впечаток дека се подготвуваме за фер и демократски избори.

Ова денеска го посочи дополнителната заменик-министерката за внатрешни работи во предоната Влада, Славјанка Петровска на панел-дискусијата насловена „Слободни избори наспроти црна пропаганда“ во организација на “ЦИВИЛ”.

МВР, како што потенцира Петровска, е еден од најчувствителните органи во државата во кој, според неа, не смее и не е дозволена дневна политика.

“Треба да испратиме порака дека МВР професионално ќе ги организира и ќе ги спроведе изборите во своја надлежност. Оние стари манири на мешање на партиите во работата на Министерството треба да ги заборавиме.

Голем недостаток во оваа борба со хибридната војна е недостатокот на темелна регулација на законодавството, но во рамки на инструментите што ни се на располагање како институција, мора да покажеме малку поголема проактивност”, вели Петровска.

Таа се надева дека во периодот што претстои, политичките партии ќе истапат со политички програми и ќе дискутираат за тоа што се нивни цели за во иднина, а оти ширењето лажни вести ќе го остават на стенд бај и нема да се служат со таа, како што вели, црна кампања.

Професорката Јасна Бачовска, која беше учесник во дебатата, рече дека ова ќе бидат тешки избори заради, како што додаде, континуираното сложена политичка ситуација.

“Проблемот е голем и глобален, лажните вести, разните спинови, пропагандата се глобален проблем.

Дали забележувате дека за лажни вести повеќе се зборува кога станува збор за Америка и тој тип на американски медиумски систем кој го имитираат и други земји во светот, но кога зборуваме за ваков тип на манипулации, лажни вести многу помалку се спомнуваат во европските земји, како Франција, Германија.

Секаде ги има, но не прават толкави проблеми како во американскиот тип на медиумски систем за кој за жал и една малечка земја на Балканот личи на тој систем, бидејќи нашиот медиумски систем го искомерцијализиравме и немаме медиумски систем од типот на европските медиумски системи.

Многу пати се повторувам, но тука го гледам решението”, потенцира Бачовска.

Според неа, во нашата земја нема медиуми со интегритет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес