Петровска: Протераните руски дипломати се обиделе да се вмешаат во стратешките национални интереси на државата

Од:

Министерката за одбрана Славјанка Петровска истакна дека тројцата руски дипломати кои неодамна беа протерани се лица кои работеле спротивно на дипломатските правила и се обиделе, односно сакале да се вмешаат во стратешки национални интереси на нашата држава.

Таа на денешната прес-конференција во Скопје со словенечкиот министерот за одбрана, Марјан Шарец одговарајќи на новинарско прашање посочи дека стратешката цел на државата е членство во НАТО и ЕУ и дека секој кој ќе се обиде да го попречи тој пат не може да биде пријател на државата.

-Што се однесува на последното протерување засега станува збор за лица кои работеле спротивно на дипломатиските правила, меѓутоа очигледно е дека со правилата согласно речникот на безбедносно – разузнавачките служби се обиделе или сакале да се вмешаат малку повеќе во стратешките национални интереси на нашата држава. Нашиот пат, патот на државата не само на оваа Влада, туку на државата во целина е многу јасен и многу пати досега сме изјавувале дека наша стратешка цел е членството во НАТО и ЕУ и секој еден кој ќе се обиде да го попречи тој пат не можеме да го сметаме за пријател, особено не ако тоа сака да го направи преку мешање во работата на институциите или кои било други субјекти во нашата држава, изјави министерката.

Додаде дека Армијата и Министерството за одбрана се безбедни и имаат развиено систем на заштита од вакви или слични влијанија.

-Армијата и Министерството за одбрана се безбедни и имаат развиено систем на заштита од било какви влијанија вклучително и на вакви злонамерни, тоа се сите оние влијанија за кои сметаме дека се спротивни на нашите стратешки и национални интереси следствено на тоа сакам да ја поздравам и работата не само на военото разузнавање, туку и на другите безбедносно – разузнавачки служби, кои очигледно добро си ја работат својата работа, закана од таков тип директно кон припадници на министерството или на Армијата не сме детектирале, увери Петровска.

Неодамна Министерството за надворешни работи на Северна Македонија потврди дека од земјата биле протерани тројца руски дипломати.

-На 12 септември, во Министерството за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Руската Федерација кому му беше врачена дипломатска нота, со која тројца дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје беа прогласени како непожелни во државата (persona non grata), беше наведено во соопштението на Министерството.

Би можело да ве интересира

Петровска: Мицкоски ја крие вистината, ДПМНЕ го штити со лаги

ВМРО-ДПМНЕ повторно го актуелизира случајот „хациендата на Петровска“: Си пукате во нога одговори екс министерката

Петровска: Дали за помошник министер во МВР е поставено лице со кривична пријава за измама?

Петровска: Во МВР поделени повеќе од 50 незаконски решенија за распоредување на полициски службеници

Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија – реакција на Петровска по изборите во СДСМ

Петровска: Јa повлекувам мојата кандидатура за претседател на СДСМ

Горан Наумовски