Петровска: Одлуката за воена помош за Украина ја донесовме како самостојна држава

Од:

Одлуките за донација на воена помош и вооружување за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава, без оглед на тоа што сме членка на НАТО, и сме дел од колективниот систем на безбедност. Од безбедносни причини тие се класифицирани, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.

-Од првата одлука до сега се донесени само три одлуки за донација кои се класифицирани од безбедносни причини. Тие содржат внатре детали што и каков вид на опрема и во која количина се донира. Од првата одлука кога ја донесе Владата на својата седница на предлог на Министерството за одбрана, во јавноста беше искомуницирано и соопштено дека носиме одлука за донација и во сите три случаи се следеше тој пример, притоа информацијата која што беше споделена експресно со јавноста е дека донесовме одлука за донација на воена опрема и вооружување за потребите на украинската армија. Детали не беа соопштени од безбедносни причини, но тоа не значи дека кога ќе направиме проценка дека не постои никаков безбедносен ризик тие три одлуки ќе бидат соодветно декласифицирани и јавноста апсолутно ќе знае точно што во која количина и каков вид на опрема и вооружување сме донирале кон Украина – рече Петровска на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод претстојното одбележување Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“.

Би можело да ве интересира

Набавката на хеликоптери од компанијата „Леонардо“ ќе чини 249,9 милиони евра, информира Петровска

Предраг Петровиќ

Петровска: Судот пресуди, Ковачки неправедно ме клеветел, пари од нечесник не сакам

Петровска: Има разногласие во ВМРО – ДПМНЕ за набавката на хеликоптерите

Петровска верува во исправната одлука на тимот за купување на осумте хеликоптери од „Леонардо“

Горан Наумовски

Сомнителна руска фирма се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема во Министерството за одбрана

Горан Наумовски

Тренчевска: Моите колешки министерки, вистинска поддршка за сите жени