Петровска: Ниту една причина за поразот на СДСМ не сме да остане скриена

Од:

Денес после 24 години активно членство во СДСМ, врз основа на повикот за самокандидирање, ја имав таа чест и привилегија да ја поднесам кандидатурата за претседател на СДСМ и заедно со пријавата секако го поднесов и Манифестот за социјалдемократијата. Тоа е мојата програма, во којашто се осврнувам на тоа што треба да бидат итни приоритети на новото раководство на СДСМ по големиот пораз којшто го доживеавме на овие избори рече Салвјанка Петровска откако ја поднесе кандидатурата за лидерсото место во СДСМ.

– Иако СДСМ во минатото доживувал и порази и победи исто така, овој пат е ситуацијата навистина специфична, особено имајќи ги предвид политичките околности во државата и на ниту една држава особено не на Северна Македонија не и треба слаба опозиција, или никаква опозиција. Затоа предизвик сериозен е пред сè и над се, СДСМ да се исправи, да продолжи по патот на идеологијата на СДСМ, и што е најважно да биде цврста и силна опозиција, за да можеме на таков начин да го гарантираме и патот на Република Северна Македонија. Ќе повикам на разговор, на дискусија, ниту една причина за овој пораз на СДСМ не треба да остане скриена, рече Петровска.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус