Петровска: Нема безбедносни причини ниту финансиска оправданост за враќање на воениот рок

Од:

Немаме зголемена безбедносна закана во земјата за да го враќаме служењето на задолжителниот воен рок, а за тоа ќе треба вложување и на многу дополнителни финансиски средства, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска во интервју за МИА дадено по завршувањето на денешното заседание на Северноатлантскиот совет во Брисел.

– Кога зборуваме за можноста за враќање на воениот рок треба да знаеме кои се последиците или предизвиците со кои можеби би се соочувале како држава. Прво и првенствено немаме зголемена безбедносна закана за да го враќаме служењето на воениот рок. Меѓутоа и не само од аспект на заканата, тоа ќе значи вложување на многу дополнителни финансиски средства и што е уште поважно, тоа ќе значи дека сите оние коишто ќе наполнат 18 години, ако тој биде задолжителен, нема да можат да бидат активни на пазарот на труд во тој период, ниту пак да го продолжат навремено образовниот процес, изјави Петровска.

Според неа, во денешно време кога младите се жедни или да научат нешто повеќе или да заработат, прекратувањето или одлагањето на тоа нивно право повеќе ќе биде на штета не само на нив, туку и на државата.

– Концептот на доброволно служење на воениот рок го напуштивме некаде 2005-2006 година и лично, ако јас се прашувам и како граѓанин, меѓутоа како министер за одбрана, ќе кажам дека тоа е една од подобрите одлуки кои биле донесени во развојот на македонската Армија, рече Петровска, додавајќи дека благодарение на оваа одлука имаме професионална армија, а нејзината професионалност го држи квалитетот на Армијата.

Таа потенцира дека градењето на капацитетите на македонската Армија се случува во континуитет, а резултатите кои ги гледаме преку нивното учество и во вежби, меѓутоа и во меѓународни мисии, се за поздравување.

– Сметам дека треба да го задржиме тој пат, истакна министерката за одбрана.

Петровска во видео интервјуто за МИА, кое во целост ќе биде објавено утре, говори и за резултатите од министерскиот состанок на НАТО, за безбедносните ризици, хибридните закани, можностите за развој на одбранбената индустрија во земјата, како и за очекувањата од претстојните избори.

Би можело да ве интересира

Набавката на хеликоптери од компанијата „Леонардо“ ќе чини 249,9 милиони евра, информира Петровска

Предраг Петровиќ

Петровска: Судот пресуди, Ковачки неправедно ме клеветел, пари од нечесник не сакам

Петровска: Има разногласие во ВМРО – ДПМНЕ за набавката на хеликоптерите

Петровска верува во исправната одлука на тимот за купување на осумте хеликоптери од „Леонардо“

Горан Наумовски

Сомнителна руска фирма се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема во Министерството за одбрана

Горан Наумовски

Тренчевска: Моите колешки министерки, вистинска поддршка за сите жени