Петровска: Не се согласувам со начинот на кој постапиле полицајците, очекувам санкции бидејќи не носеле маски

Од:

Tехничката заменик-министерка во Минситерството за внатрешни работи, Славјанка Петровска вели дека не се согласува со начинот на постапување на групата полицајци, кои со три возила, во униформа и цивилна облека, апсеа момче кое шетало миленик дваесетина минути пред дозволениот термин. Таа бара и санкција за полицајците и поради тоа што немале заштитна опрема за спречување на ширењето на коронавирусот.

„Во врска со објавеното видео на кое е прикажано приведување на момче со домашно милениче заради прекршување на полицискиот час, го искажувам своето несогласување со начинот на кој постапиле полициските службеници. Воедно очекувам и соодветна санкција за нивното непочитување на мерките и неносење на заштитни маски и ракавици. Ако казнуваме за неспроведување на мерките, како тоа ние први да ги прекршуваме?“, вели Петровска.

Од МВР пак велат дека Одделот за внатрешна контрола ќе испитува дали полициските службеници кои со две возила и едно полициско комбе приведоа момче кое шета миленик, постапиле согласно законските норми. Претходно, полицајци во цивилна облека, неколку во униформа, два полициски автомобили и едно полициско комбе интервенирале за приведување на момче кое шетало миленик во Скопје. Од снимката објавена на социјалната мрежа „Фејсбук“ може да се види дека станува збор за момче, кое со својот миленик, со комбе на полицијата е однесено во станица.

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска