МВР ќе проверува дали полицајците кои апсеа момче со миленик постапиле законски

Од:

Одделот за внатрешна контрола при МВР ќе испитува дали полициските службеници во униформа и цивилна облека, дојдени со две возила и едно полициско комбе да приведат момче кое шета миленик, постапиле согласно законските норми. Од Министерството за внатрешни работи велат дека знаат за случајот, а детали најавија во текот на утрешниот ден.

8 полицајци+2 коли+марица vs момче со кутре, исходот?

Posted by Nesso Anggel on Понеделник, 20 април 2020

„Конкретниот случај е евидентиран и се преземаат мерки за утврдување на законитоста на постапувањето на полициските службеници и за исходот од проверките во текот на утрешниот ден дополнително ќе биде известена јавноста“, информираат од МВР.

Од министерството велат дека Одделот за внатрешна контрола и во иднина ќе презема мерки за соодветно расчистување на сите случаи во кои постои сомневање дека постапување на полициските службеници е спротивно на законот.

Претходно, полицајци во цивилна облека, неколку во униформа, два полициски автомобили и едно полициско комбе интервенирале за приведување на момче кое шетало миленик во Скопје. Неофицијално, станува збор за случка во реонот на Кисела Вода, односно Црниче. Од снимката објавена на социјалната мрежа „Фејсбук“ може да се види дека станува збор за момче, кое со својот миленик, со комбе на полицијата е однесено во станица.

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска