Петровска: Граѓаните мора да добијат патни исправи, министерот ако не знае да побара совет

Од:

Министерот за внатрешни работи е тој што треба да го реши проблемот со пасошите, а ако не знае треба да побара совет, изјави за медиумите на новинарско прашање дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска при денешната посета на СВР Тетово.

– Жалам што министерот не сака да ги презентира сите докази, тој е министер не да изнесува жалби туку да ги решавам проблемите на граѓаните. А ако не знае како, нека побара совет ние сме подготвени да му помогнеме. Службите веќе го информираа дека е можно да се појави проблем со издавањето на патните исправи. Го повикавме министерот најбрзо што може да донесе одлука со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните, рече Петровска.

Таа посочи дека иако е период на изборите не смее да се наруши легитимно право на граѓаните да имаат свои патни исправи.

-Не смееме да им го скратиме правото по ниту еден случај, очекувам од него брза реакција и одговор за надминување на овој проблем. Во однос на личните карти тие се издаваат редовно и без застој. Одговорност мора да има затоа што издавањето на патни исправи за граѓаните треба да биде и е една од надлежностите на ова министерство. Јас апелирам да се најдат решение најбрзо што може. Министерот го има тоа како овластување. Наместо да се занимаваме со некои споредни работи треба да излеземе во пресрет на барања на граѓаните, рече Петровска.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски