Петровска до Чулев: Одлуки на Влада не се поништуваат со телеграми, вработените да се спротистават на диктаторско однесување

Од:

Дополнителната заменик-министерка, Славјанка Петровска, реагира на новата телеграма од министерот Наќе Чулев, со која нареди сите организациски единици да постапуваат исклучиво и во согласност со законските прописи, алудирајќи на решенијата издадени со негов потпис.  Петровска е децидна дека Чулев не ги почитувал законите. Таа додава дека на министерот требало да му биде јасно дека одлука од Влада, не може да биде суспендирана со телеграма.

„Работењето во Министерството за внатрешни работи согласно законите и прописите е основата за спроведување на фер, слободни и демократски избори, што е главна цел заради што е формирана оваа техничка Влада.

Владата на својата седница одржана вчера донесе одлука за поништување на решенија, при чие донесување министерот Наќе Чулев, намерно или од незнаење, не ги почитувал важечките законски и подзаконски акти.

На секој правник му е јасно дека одлука донесена во законска процедура не може да биде суспендирана врз основа на телеграма, па затоа доколку тој не се сложува со одлуката на Владата на Република Северна Македонија, треба тоа да го изрази согласно законските процедури пред институциите, а не со телеграма.

Истовремено, тој не смее да ја злоупотребува својата позиција и да ги поттикнува вработените да сторат повреда на законот и да не ја почитуваат одлуката на Владата.

Ги повикувам вработените во министерството да го задржат својот професионален и личен интегритет и да се спротивстават на секој обид на враќање на некои стари навики на беззаконие и диктаторско однесување“, реагира дополнителната заменик-министерка, Славјанка Петровска

Би можело да ве интересира

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он