Петровска: Чулев нека објасни за потрошени 12 илјади евра за телефонски сметки за Агенцијата за разузнавање

Од:

После скандалозните три телеграми, од кои последиците сеуште не се надминати во целост, Наќе Чулев излезе на прес конференција на која наместо да се истакне како професионалец, прочита партиски текст, напишан од советниците во сенка.

Поистоветувањето на партиски соопштенија и настапи во министерства зборува за неможноста да се одлепите од партиски влијанија, реагира Славјанка Петровска, ѕаменик министер ѕа вантрепшни работи.

Кога веќе сака да прави споредби, и споредува периоди Чулев требал да знае дека оваа година беше спроведена втората клучна реформа во министерството за внатрешни работи, со одвојувањето на доскорешната УБК од МВР и формирање на новата Агенција за национална безбедност. Како резутлат на процесот на селекција на кадрите во новата АНБ, околу 270 вработени не беа селектирани во новата Агенција, и согласно закон тие остануваат како вработени во Министерството за внатрешни работи. Процесот на нивно распоредување беше започнат и повеќе од 50% беа распоредени во соодветна законска постапка и тие вработени немаат поднесено приговори.

Останатите решенија се согласно потребите на службата и новиот правилник за систематизација на работни места и истите се издадени во законска постапка. Министерот Чулев треба да знае дека решенијата може да се изготвуваат постојано, но не смеат да бидат врачени додека работникот е оправдано отсутен, што и се нема случено.

Во извештајот на комисијата кој самиот тој ја фомираше, е наведено дека организациските единици треба да се произнесат и доколку се констатира дека истите се незаконски да се постапи согласно закон. Членовите на комисијата која тој ја формираше не се сигурни дали неколкуте решенија се незаконски или не, туку за тоа вели дека се надлежни организациски единици во МВР.

Кога зборува за распоредување во пониски звања без дисциплинска постапка, нека објасни како го оправдува својот потпис на решение за распоредување на вработен во Министерството кој од началник на Сектор во УБК со стаж од 44 години го распоредува на работно место инспектор за имотни деликти. Или вработен со завршен Природно-математички факутетет од работно место началник на одделение за телекомуникациско истражување го распоредува на работно место главен инспектор за семејно насилство. Или пак вработени со завршено високо образование од областа на шумарство и земјоделие се распоредуваат во инспектори за семејно насилство и малолтеничка деликвенција.

Дали во случајот со распоредувањата во неговиот кабинет беа почитувани одредбите од Законот за внатрешни работи за распоредување на работник во повисоко звање?

Кога зборувате за тужби за неисплатени прекувремени часови, заборавивте или не знаете дека во Буџетот за оваа година се обезбедени финансиски средства за исплата на бонус плата, со цел да нема нови тужби. Ова е за прв пат да се обезбедат финансиски средства за оваа намена иако проблемот е стар со години. Во име на вработените во МВР ви упатувам порака да ги потпишете решенијата за исплата на овие средства и да не ги чувате во кабинет.

За две и пол години започнаа да се решаваат проблеми во министерството кои биле создавани и криени со години. Во интерес на вработените и нивните семејства тоа ќе продолжи и по 12ти април, а ние треба да обезбедиме граѓаните без притисок и уцени да ја изразат својата волја.

Инаку, кога сме кај недомаќинското работење, Чулев треба да објасни за 12.000 евра потрошени во агенцијата за разузнавање за телефонски сметки на поранешниот претседател Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја, рече Петровска.

Би можело да ве интересира

Набавката на хеликоптери од компанијата „Леонардо“ ќе чини 249,9 милиони евра, информира Петровска

Предраг Петровиќ

Петровска: Судот пресуди, Ковачки неправедно ме клеветел, пари од нечесник не сакам

Петровска: Има разногласие во ВМРО – ДПМНЕ за набавката на хеликоптерите

Петровска верува во исправната одлука на тимот за купување на осумте хеликоптери од „Леонардо“

Горан Наумовски

Сомнителна руска фирма се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема во Министерството за одбрана

Горан Наумовски

Тренчевска: Моите колешки министерки, вистинска поддршка за сите жени