Петров: Во здравството има шминка, а не реформи

Од:

„Јавното здравство во Македонија никогаш не било на пониски гранки. Здравствениот систем континуирано пропаѓа во последните шест години.

Постојаното пропаѓање на македонскиот здравствен систем не остана незабележано од меѓународните организации. Македонија има најголем пад во Европа според последниот Европски здравствен индекс“, оценува СДСМ.

Долговите, во здравството, рече Андреј Петров, за три години пораснаа за фрапантни 80 проценти и речиси и да не постои јавна здравствена установа во земјава која нема финансиски проблеми.

„Проблемите дополнително нараснаа со кратењето на 10 милиони евра од буџетот за здравство, при последниот ребаланс, а се погласни се информациите, дека до крајот на годината ќе има ново кратење во буџетот.Фондот за здравство е пред целосен колапс, а буџетските пари кој ги покриваат неговите загуби, до година во година се сè поголеми и прашање на време е кога буџетот веќе нема да може да ја покрива дупката на фондот“, рече Петров.

Лекарите како никогаш порано се понижени, а лекарската професија како никогаш порано девалвирана, вели Петров. Лекарите, рече, се ставаат на ѕид на срам на Фондот за здравство, а нивната работа се оценува според обрт, како да се работи за трговци на мало или маркетинг агенти, а не за најсложената професија од чие знаење, посветеност и искуство зависат животите на пациентите. Никој, според СДСМ,  не е против  вреднување на трудот на лекарите, ама тоа не може ни случајно да се прави со кратење на овие мизерни плати. Оние кои работат повеќе треба да земат поголема плата, ама никако помала од овој минималец кој го примаат сега.

„ И по сето ова, за да создаде слика за себе како голем реформатор, министерот Тодоров секојдневно се фали со редовни активности на Министерството, како набавка на пижами и душеци. Ова е работа на одговорните референти во Заедничките служби во Клиничкиот центар, а не на еден министер за здравство.

Последната најавена лажна реформа на Фондот за здравство, т.н. „Проект – нема чекање пред шалтерите за граѓаните“ (нешто што е нормално во секоја земја), е спротивно на она со што сите секојдневно се соочуваме – со поразителниот факт дека човек не може ниту една работа регуларно и на време да ја заврши во државните здравствени институции“, рече Петров.

„Не може секоја баналност да се прогласува за реформа и нов проект. Никогаш порано во здравството немало толку многу шминка, а толку малку вистински реформи“, велат од СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

Филипче: Ќе понудиме современа политичка платформа со силен фокус на економијата и платите

СДСМ: Мицкоски сака да го партизира судството, прв на листата беше сопартиецот на Меџити

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ не направи ништо за аерозагадувањето

Петрушевски: Со СДС и ДУИ во 2022, 200 илјади евра помалку во материјалната евиденција на Клиниката за детски болести

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Тренчевска: Власта најавува нова кошничка што ќе ги намали цените за 0.1%

Предраг Петровиќ