Петров: Многу сме блиску до неучество на избори

Од:

На една недела пред крајниот рок за пријавување листи и кандидати за локалните избори, генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров, во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М телевизија изјави дека се се поблиску до неучество на локалните избори.

Опозицијата нема да ги даде кандидатските листи, и ќе имаме изборисамо  со претставници на власта и некоја  сателитска опозиција. Мора да се разговара за предвремени избори за да се надмине кризата кои тие ја создадоа по невидениот срам на 24.декември. Ќе одиме овој пат до крај. Без политички договор нема да ги дадеме листите. Многу сме блиску за неучество на избори, рече Петров.

Македонија укажа  падна од 36 на 116 место по слобода на медиуми.Ова, рече, што го правиме е демократски отпор против недемократската власт.

Не знае дали ќе има нова покана за лидерска средба.

Од Черчил е останато дека ако не сакаш решение фо рмирај комисија. Не сме илузионисти, па да создаваме привид што се случуваше на 24.декември.Сите видоа што се случи.  Предлогот за составот на комисијата  е играње мајтап. Зарем членовите кои би ги предложиле Иванов и Вељаноски ќе бидат независни. Од авион се виде бруталниот напад врз пратениците, рече Петров.

Меѓународниот фактор, рече, е загрижен за состојбата во Република Македонија. Требаше, рече, појасно да ја кажат својата оценка за состојбата.

Нема да се вратам во пратеничките клупи. Меѓународната заедница посакува Македонија да е зрела демократија и гледа огромен проблем на полето на демократијата. Ние имаме воља за разговор. Но ако мислат дека со ултиматум ќе попуштиме, овој пат се лажат, рече Петров.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски