Петрески за аеродромот на вода: И ова е една од лудите идеи

Од:

Советот на општина Охрид наредната недела ќе одржи вонредна седница на која ќе се расправа за изградбата на аеродром во вода на Охридското езеро дознава А1. Оваа информација ја потврди и градоначалникот Петревски, откако Министерството за транспорт и врски објави оглас за идејно решение за изградба на аеродром.

„Ова што се случува во последниот период, како што се одземањето на ингеренциите на Охрид во урбанистичката сфера, во туристичките развојни зони каде комплетните ингеренции ке ги има централната власт преку своите претпријатија, продолжувањето на изградбата на Плаошник каде илјадници тони бетон треба да се стават во најзаштитеното подрачје на Охрид, милионите кубици бетон кој треба да се стават од Љубаништа до Свети Наум за изградба на коцкарниците, а општина Охрид да седи надвор од сите овие случувања кои ќе се случуваат во Охрид е недозволиво. Капак на сето тоа е изградбата на аеродром на Охридското езеро. Сето ова заслужува итна седница на охридскиот совет. Би сакал да ги слушнам и советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои цело време глумат дека се загрижени за Охрид и дека Јавното приватно партнерство не е добро ако го прави општината“, вели Петрески
Петрески рече дека ВМРО ДПМНЕ по секоја цена сака да го добие Охрид, не затоа што им е важна историјата на градот
„Тие сакаат да постават своја фигура во Охрид која нема да биде градоначалник, туку ќе биде само фигура која ќе ги извршува сите луди идеи кои доаѓаат од централната власт. И ова е една од лудите идеи. Аеродром на вода на Охридското езеро кое е заштитено од УНЕСКО, сигурно дека не би требало да се реализира“додава Петрески.

 

Би можело да ве интересира

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски