Петрески: ВМРО-ДПМНЕ го бојкотира одбележувањето и на Свети Климент

Од:

ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на манифестациите кои локалната самоуправа во Охрид ги одржа по повод одбележувањето на патронот на градот Свети Климент Охридски.

Ниту еден советник во градскиот совет од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ниту пак директор на јавните институции кои се под капа на државата не се појавија на пуштањето во употреба на новите простории на охридската гимназија и пуштањето на паркот на пријателството.

Охридскиот градоначалник, Александар Петрески за А1 рече дека ВМРО-ДПМНЕ со овој потеги ги бојкотира активностите кои ги прави општината, па дури и одбележувањето на заштитникот на градот. Тој рече дека сите советници биле уредно поканети, а покани биле упатени и до премиерот Груевски и претседателот Иванов.

„Беа поканети и премиерот и претседателот, советниците, меѓутоа не доаѓаат. Сметам дека со ова само ја покажуваат својата нискост на размислување. Од една страна повикуваат на помирување помеѓу македонските граѓани, а од друга страна не доаѓаат на ваков празник на ваков ден. По тоа може да се заклучи дека тие си ја сакаат само својата партија многу повеќе од градот и државата. За нив на прво место е партијата, а потоа градот и државата“ рече Петрески.

Од ВМРО-ДПМНЕ не добивме одогвор зошто нивни преставници не присуствуваа на манифестациите организирани од општината.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски