Петрески: Груевски се кити со туѓо перје

Од:

„На крајно лицемерен начин и за ситно партиски цели , премиерот и лидер на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски , вчера го пушти во употреба реконструираниот   пат од Лескоец  до Скребатно , најавувајќи дека патот е инвестиција на Владата на Република Македонија. Јавноста треба да знае дек овој пат го градеше Општина Охрид , го реконструираше  и го асфалтираше  со свои свредства кои се двојно повеќе отколку средствата за кои  Владата вели дека се нивни , а  всушност се кредит од Европската банка за обнова и развој“, реагира кабинетот на градоначалникот Александар Петрески.

Патот од Лескоец до селото Скребатно, велат,  е изграден и асфалтиран во 1996 година ,  до манастирскиот комплекс е завршен во 2000 година, а во 2012 година беше проширен , реконструиран и асфалтиран.   Општина Охрид  изготви проект, издаде градежна дозвола и аплицираше пред Европската банка за обнова и развој при што за проширување и асфалтирање добиен е кредит од 500.000 евра , а Локалната самоуправа во овој пат досега има вложено околу милион евра. Чесно е да се каже, соопштува општината,  дека во изградбата на патот со свои прилози учествуваа и верниците кои во текот на целата година го посетуваат манастирскиот комплекс во Скребатно.

„Смеаме за потребно да ја информираме јавноста  дека денешното отворање на патот од страна на премиерот и лидер на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груески е  чиста  манипулација со граѓаните и народски речено „ китење со туѓо перје“ . Граѓаните очекуваа дека Никола Груески , денес  свечено ќе го отвори  автопатот од Гостивар до Охрид кој им го имаше ветено на граѓаните уште во 2006 година“, се вели во информацијата.

Локалната самоуправа, патот од Лескоец до Скребино во употреба ќе го пушти на 7-ми ноември, Денот на ослободување на Охрид.

Би можело да ве интересира

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Стоилковски: Непотизам во Охрид, роднината на Зечевиќ главен кадровик на СДС во општината

Катерина Ѓуровски

Ученици од прва до четврта година принудени да плаќаат за наметки и капи за матурантите

Орце Костов

Левица: Јавните претпријатија повторно во загуба иако ги покачија цените врз грбот на охриѓани

Фирма за облека основана на 31 јануари доби тендер од Општина Охрид за набавка на цвеќиња

Александар Тодески