Петмина Тајванци нападнале полицаец

Од:

Петмина тајвански државјани вчера сакале да тепаат полицаец во Прифатниот центар за странци во Скопје, соопшти МВР.

„На 09.05.2021 во 17.00 часот Прифатниот центар за странци во Скопје пет лица од Тајван физички нападнале полициски службеник, кој извршувал службени дејства“, се вели во полициското соопштение.

Од полицијата само кусо велат дека се работи на расчистување на случајот. Нема информации за тоа под кои околности напаѓачите се нашле во Македонија и каков бил нивниот статус во земјава. Доколку бидат обвинети и судени за кривичното дело напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста, агресивните Тајванци може да добијат и виза за продолжен престој до три години во некој од македонските затвори.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ