Полицијата приведе пет лица оти фрлале тврди предмети кон Собранието на денешниот протест против францускиот предлог.
„Денеска до 16.30 часот приведени се пет лица кои денеска фрлале со тврди предмети кон објектот на Парламентот на Република Северна Македонија. Приведени се С.Н. (44) од Скопје, Д.К. (41) од Скопје, А.С. (30) од с. Бардовци, М.С. (26) од Скопје и Б.Ц. (29) од с. Долно Коњари. По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопшти МВР попладнево.
Протестот против францускиот предлог почна напладне со скандирање „никогаш северна, само Македонија“ и „оставка“, но откако во Собранието влезе претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, група млади демонстранти почна да фрла јајца врз зградата на Собранието, а друга група момчиња оставаше отпечатоци од дланките во црвена боја на асфалтот со порака „крвавиме за Македонија“.