Петмина починати, 884 новозаразени од Ковид-19

Од:

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.866 тестови, а регистрирани се нови 884 случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (884), регистрирани се 190 реинфекции.

Регистрирани сe 745 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (77г) во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 4 починати лица, по едно од Струмица, Штип, Кочани и Гостивар. Од пријавените лица, 3 се починати во болнички, а едно лице во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.114.405 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 326.154, бројот на оздравени пациенти е 311.760, на починати е 9.368, а бројот на активни случаи изнесува 5.026.

Би можело да ве интересира

Надеж во справувањето со Ковид-19: Имунолошката меморија сугерира крај на пандемијата

А1он

Годинава го означи почетокот на крајот на пандемијата на Ковид-19, што не очекува во 2023 година

А1он

Твитер ги укина мерките за борба против дезинформациите за Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Кинеските власти се обидуваат да ги задушат протестите против Ковид-19

А1он

ЕК: Ковид-19 да се смета за професионална болест во релевантните сектори

А1он

ВИДЕО: Полицијата ги запира луѓето во Шангај и ги брише фотографиите од протестите од нивните телефони

А1он