Петмина починати, 884 новозаразени од Ковид-19

Од:

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.866 тестови, а регистрирани се нови 884 случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (884), регистрирани се 190 реинфекции.

Регистрирани сe 745 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (77г) во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 4 починати лица, по едно од Струмица, Штип, Кочани и Гостивар. Од пријавените лица, 3 се починати во болнички, а едно лице во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.114.405 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 326.154, бројот на оздравени пациенти е 311.760, на починати е 9.368, а бројот на активни случаи изнесува 5.026.

Би можело да ве интересира

ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои ризик од раст на активноста на вирусот

А1он

Еден починат и 169 новозаразени од ковид-19

Во земјава се хоспитализирани 700 пациенти со Ковид-19, најголем е притисокот во Тетово и во Гостивар

A1on

Д-р Кунгуловски: За невакцинираните и непрележаните граѓани следат тешки месеци со делта-сојот на коронавирусот

Мери Јордановска

Уште четворица сомнителни на индискиот сој на коронавирусот во Македонија, еден е на респиратор

Мери Јордановска

Навалица за вакцинирање во „Борис Трајковски“, закажаните за в сабота дошле денес оти сакале да користат продолжен викенд

Маја Илиевска-Пачемска