Петмина планинари на „Серта“ се искачија на врвот Вихрен

Од:

Петмина планинари од планинарското друштво „Серта“ од Неготино се искачија на врвот Вихрен на планината Пирин во Република Бугарија, кој е висок 2.914 метри надморска височина и е трет по височина на Балканскиот Полуостров.

– Всушност, во оваа акција учествуваа и четири планинарки од нашето друштво кои успеаја да се искачат до 2.700 метри надморска височина. Се надеваме дека во некоја наредна прилика и тие ќе се искачат до самиот врв на планината, рече Тодор Ѓорѓиев, претседател на планинарското друштво.

„Серта“ има долгогодишна традиција и редовно организира планинарски активности а учествува и на многу домашни и меѓународни планинарски акции.

На 23 август десетмина планинари ќе заминат во освојување на највисокиот врв на Балканот, Мусала, во соседна Бугарија, висок 2.925 метри. Четворица други ќе заминат во освојување на врвот Кајмакчалан на планината Ниџе, висок 2.521 метар.

Би можело да ве интересира

Двајца тетовски алпинисти го освоија Арарат, највисокиот врв во Турција

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Арсова: Достигнав животна цел и ја направив горда нацијата

Искра Манојлоска

Илина Арсова е прва Македонка што ги искачи сите седум највисоки врвови на сите седум континенти

Татјана Ташкова

Александар Кирковски успешно се искачи на алпскиот врв Вајсхорн

Првата црна жена Африканка што го освоила Монт Еверест

Ана Ололовска

Јубилеј – 30 години од освојувањето на Монт Еверест од првиот Македонец, Димитар Илиевски Мурато

Ана Ололовска

Leave a Comment

three + 8 =