Петмина осомничени за тешки кражби во Тетово и околината

Од:

Пет лица се осомничени од страна на полицијата како сторители на дваесетина тешки кржби извршени годинава во трговски дуќани, аптеки и други објекти во Тетово и околината информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

– За седум од овие кражби осомничен и денеска кривично пријавен е Ј.А.(23) од Тетово. Тој кражбите ги извршил во текот на минатиот месец. Четиричлена група од Тетово и Желино што ја сочинувале Н.Љ.( 50 ),М.С. ( 45 ), И.З. ( 50 ) и Ј.Б. (25) се сомничи дека извршила 10 провални кражби. Серијата кражби групата ги извршила од декември минатата до октомври годинава претежно во објекти во Тетово, Џепчиште, Озормиште и на други места.

Во дваесетината расветлени кражби најчесто биле одземани пари, цигари, лекови, бижутерија, технички производи и други предмети изјави Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари