Петличковски: Нема потреба од паника, конго кримската треска е присутна кај нас, не е секој крлеж заразен

Од:

Тестови имаме, има и терапија, колку што може една држава да се подготвена за ваква ендемска боленст, ние сме подготвени вели претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Пелтичковски на прес конфренција по појавата и на трет случај на конгокримска хеморагична треска. Денеска Комисијата имала состанико во проширен состав, присуствувале претставници и на АХВ и на Инститтите за јавн оздравје од Штип и од Велсе од каде што се актуелните пациенти.

– Болничарката е во добра состојба, кризата е помината и се очекува опоравување. Рибарот од Велес, третиот заболен од хеморагицна треска во земјава засега е во добра ссотојба, но има уште неколку дека во кои може да има компликации, се надеваме дека нема да дојдедо тоа. ако дојд,е го имаме лекот, се надеваме на добар развој“ – вели Петличковски за состојбата на двајцата паценти објаснува Петличковски.

Повика да не се создава паника бидејки конго кримста хеморагична треска не е лесно пренослива болест.

– Се пренесува само со каснување од заболен крлеж, периодов има многу крлежи, такви се и временските услови. Но, ова не значи дека луѓето не треба да излегуваат на отворено. Треба да бидат внимателни лоците, риболоците и сточарите. Да се добро заштите кога се на отворено. Втората група се медицнските работници кои се во допир со телесни течности. Затоа треба да бидат заштитени во контакт со сомнителни случаи, вели Петличковски.

Правиме анализи, ќе има информација Владата за акциски план со кој ќе биде направена проценка за присуството и борјноста на крлежите во различни региони, првенствено онаму каде што се поајвија пациенти, во зависност од резултатите од анализите ќе се направи дезинсекција која е клучната превентивна мерка за намалување на ризикот за појава на болест.

Резултати од анализите од заловените крлежи уште нема.

– Од истражувањата на Факултетот за ветерина, откриваме дека стоката, животните во Македонија, се изложени на вирусот постојано. Во тие истражувања над 30 проценти од различните стоки, говеда, овци, кози се со прележан, односно биле во контакт со вирусот. Но немаме информации за хоспитализирани случаи предизвикани од овој вирус. Вирусот е тука, но можно е поблагата варијанта да циркулира низ стоката, така што луѓето не стигнуваат до болница. Една од препораките е да направиме типизирање на варијантите кои циркулираат за да знаеме колку опасна ситуацијата, вели Петличковски.

Би можело да ве интересира

Ќе заседава Комисијата за заразни болести, се очекуваат детали околу забраната за невакцинирани деца во градинките

Засилени инспекции во скопските градинки да се види која од нив прима невакцинирани деца, препорача Комисијата за заразни болести

Орце Костов

Се бара прогласување епидемија на Голема кашлица во Скопје, 18 случаи досега

Анита Петровска Рајковиќ

Обезбеден лекот за конго-кримска хеморагична треска, болничарката е во стабилна состојба

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека институциите одмораат додека се шири хеморагична треска: Ширите паника им одговори Министерството

Катерина Ѓуровски

Мехмедовиќ: Детето со морбили во добра состојба е пуштено на домашно лекување