Петковска: Протоколот за членството во НАТО предаден на Рикер во вонредни околности

Од:

Оригиналниот документ на ратификација од Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО денеска беше предаден од Вилма Петковска, вршител на должност амбасадор на Северна Македонија во САД.

Од страна на САД, документот беше примен од Филип Рикер, заменик државниот секретар за Европа и Евроазија.

Петковска за МИА појасни дека овој клучен момент од македонската историја се одвива во вонредни околности, кога зградата на Стејт департментот во Вашингтон е затворена за голем дел од вработените, како и за сите посетители и новинари, поради опасност од ширењето на коронавирусот во американската престолнина.

-Го запазуваме правилото да бидеме оддалечени два метра од соговорниците, изјави Петковска за МИА.

-Се надеваме дека кога ќе заврши оваа ситуација, ќе може да се организира свечена церемонија за прием на нашата земја во НАТО посетена од гости и новинари, додаде таа.

Би можело да ве интересира

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници

Москва е загрижена од плановите на НАТО

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он