Македонското малцинство во Грција преку петиција бара од земјата да ги почитува европските правила и стандарди и да им овозможи во училиштата и во институциите легално да го користат јазикот на кој зборуваат.
Според „Дневник“, петицијата е достапна не интернет и на неа за само неколку дена веќе се потпишани повеќе од 420 луѓе, а поддршката може да се даде најдоцна до крајот на декември.
„Ја повикуваме грчката влада цврсто да се заложи за поддршка на непроценливиот, автохтон македонски јазик и да ја потпише, како и да ја ратификува Европската повелба за регионални и за малцински јазици“, се наведува во петицијата на Македонците во Грција.
Тие порачуваат дека добредојдени да се потпишат се не само Македонците во дијаспората туку сите оние што, како што пишува, се согласуваат со тортурата врз Македонците и врз македонскиот јазик во Грција со години.
Собраните потписи ќе се стават на маса истиот момент кога Грција ќе го преземе претседателството со ЕУ.
ФОТО: Република