Петгодишно девојче починало на Детска клиника од воспаление на мозок

Од:

Петгодишно девојче починало од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести, потврди директорот на клиниката, Реџеп Мемеди.

-Лежеше на интензивна, беше тежок менинго-енцефалит, пред два дена почина, изјави директорот.

Според информациите што ги објавија медиумите, девојчето на Детската клиника било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка. Најпрвин било лекувано на Одделот за неврологија, но минатата недела состојба му се влошила и го префрлиле на одделот за интензивна нега. Таму на девојчето му била направена и интубација, но, и покрај сите напори на медицинскиот кадар, не успеале да го спасат детето кое развило менинго-енцефалит и пред два починало.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат информирале дека ќе извршат вонреден инспекциски надзор.

Ова е трет смртен случај на Клиниката за детски болести во изминатиот месец. За 14 месечното девојче од Грчец сè уште се води постапка за утврдување на евентуална лекарска одговорност, а за новороденчето од Струмица, ДСЗИ не констатираше пропусти во лекувањето.

Би можело да ве интересира

Инспекторатот не утврди недостатоци при третманот на деветгодишното дете почина во вторникот

Деветгодишно дете од Свети Николе почина на Детска клиника

Таравари апелира матичните лекари да не ги испраќаат сите пациенти на Детска клиника

Таравари: Нема лекарска грешка во врска со седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника

Левица: Бебиња умираат додека монструмот Мемеди не ги санира пропустите на Детска Клиника

Стручен надзор за лекувањето на починатото седуммесечно бебе предлага Инспекторатот

Катерина Ѓуровски