Пет седници во Апелација за жалби по обвиненијата на СЈО

Од:

Пет седници едноподруго ќе се одржат во Апелациониот суд каде ќе се разгледуваат жалбите на обвинетите и на Специјалното јавно обвинителство за изречените мерки од Кривичниот суд по обвиненијата на СЈО.

Во текот на викендот Апелација ги потврди одлуките за одземањето на пасошот на новинарката Ивона Талевска, обвинета за даночно затајување, и на обвинетите алфи во МВР обвинети во случајот „Тортура“, за апсењето на Љубе Бошкоски.

Во судот еднаш неделно мора да се јавуваат екс командирот на единицата „Алфи“, Ивица Антевски Пуки, Новица Станковски, Јован Боцевски и Петар Милошевски, одлуката на Апелација е конечна.

Во текот на неделата се очекува Кривичниот совет на скопска Апелација да одржува седници бидејќи се пристигнати жалби на одлуките на Кривичен и од обвинетите и од СЈО.

Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Апелација ги зголеми казните на 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба

А1он

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки