Пет лица од Виница со симптоми на труење откако јаделе торта

Од:

Две деца и три возрасни лица од Виница завршија на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип по констатирано труење со храна.

Тие се пожалиле на болки во стомакот, мачнина и повраќање заради што побарале лекарска помош, а поради лошата здравствена состојба добиле инфузија и неопходни лекарства.

Како причина за труењето лицата го навеле консумирањето торти и колачи од слаткарски дуќан во Виница, на кој по извршениот инспекторски надзор му било издадено решение за забрана за работа.

Од Центарот за јавно здравје во Кочани потврдија дека по известувањето за случајот веднаш се земени примероци од слаткарските производи и од работните површини во дуќанот, а резултатите од испитувањата се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Од Штипската болница информираа дека по укажаната медицинска помош, сите затруени се со подобрена клиничка слика.

Би можело да ве интересира

Директорка на училиште во Виница си ја вработи ќерката без соодветно образование

А1он

Затворена е кујната во Домот за стари лица во Берово по појавата на стомачни тегоби

Драма во турскиот Парламент, 80 лица пријавиле болки со стомакот: Покрената е итна истрага

Горан Наумовски

Неколку смртни случаи за време на прекинот на електричната енергија во Шпанија

Изет Меџити го крие труењето на народот со олово, арсен и цијанид во Крива Река, велат од Левица

Горан Наумовски

Тешка сообраќајка во близина на Виница, шестмина се повредени