Пет компании доставија понуди на тендерот за полициски моторни возила

Од:

Министерството за внатрешни работи денеска ги отвори понудите  доставени од петте компании за набавка на 150 полициски моторни возила во полициска изведба. Висината на доставените понуди се движи од 237 милиони денари до 299,5 милиони денари.

На повторениот оглас за јавна набавка понуди доставија „Порше Македонија“ со модел Шкода Јети амбишн 2.0 ТДИ, „Аутомотив Груп“ со модел Рено Колеос Динамик 2.0 ДЦИ, „Аутомакедонија АД“ со модел Опел Инсигниа НБ 2.0 ЦДТИ седан, „Ка- Дис“ со модел Сеат Алтеа Фритрек ТДИ 2.0 4WД и „Делукс – Ауто“ Куманово со модел Фолксваген Тигуан Трак едн Стил 2.0 ТДИ.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во наредниот период ќе следи сериозна анализа на понудите и нивна евалуација, односно оценување дали во целост ги исполнуваат условите предвидени во тендерската документација. Доколку се потврди, заинтересираните ќе бидат известени за терминот на јавното наддавање, бидејќи единствен критериум по кој ќе се одбере новото возило на македонската полиција ќе биде понудената цена.

Кон крајот на март годинава, Министерството за внатрешни работи распиша тендер за набавка на нови полициски возила со кои би се замениле постоечките возила “Крајслер“. Повикот за прибирање најповолни понуди беше распишан на интернет страницата на Бирото за јавни набавки и со него се планираше набавка на 150 моторни возила во полициска изведба со соодветна потребна опрема. Единствен услов за склучување на договорот е висината на цената, а начинот на кој ќе се одбере најповолната понуда е принципот на јавно електронско наддавање.

Во крајната цена треба да биде вкалкулиран вкупниот трошок, односно сумата која ја вклучува и специфичната опрема која е точно дефинирана и подразбира држачи за радиостаници и друга опрема, носачи за ротациски светла, соодветна надворешна боја (полициски ознаки) и други елементи. Во тендерската спецификација предвидено е возилата да бидат со дизел мотор  со зафатнина  1900 – 2300 ццм и моќност од 110 до 140 КW. Начинот за плаќање на возилата е предвидено да биде на 36 месечни рати. Станува збор за купување возила, а не лизинг, така што со потпишување на договорот и испораката на возилата, сопственик на возилата ќе биде МВР. Со набавката на возилата треба да се обнови возниот парк на МВР во делот на означените полициски возила.

Заради несоодветност на понудите, по извршената евалуација, на 25 maj 2012 година, Комисијата одлучи да ја поништи постапката. По одлуката на Комисијата, од страна на двете фирми кои конкурираа на тендерот не беа испратени жалби до второстепената комисија, по што следуваше одново распушување на јавната набавка.

Последна набавка на полициски возила беше пред 12 години во 2000 година кога се набавени 210 патнички возила “Крајслер“ и 30 теренски (џипови), сите со бензински мотор. Набавените “Крајслери“ се во голема мера амортизирани. Во просек, секое од овие возила има поминато повеќе од 500.000 километри, а некои и повеќе. Четириесет од нив, или околу 20 отсто веќе се неупотребливи и расходувани. Годишните трошоци за сервисирање и одржување на крајслерите кои се во возна состојба изнесуваат околу 7.000 евра по возило, бидејќи само една замена на автоматскиот менувач изнесува околу 3000 евра. Просечната потрошувачка на гориво на овие возила изнесува над 14 литри на 100 километри.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он