Пет кандидати за градоначалник на Штип, ВМРО-ДПМНЕ не учествува на изборите

Од:

Поднесени се пет кандидатури за избор на градоначалник на Општина Штип до Општинската изборна комисија. Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева изјави дека вчера до полноќ, кога и официјално истече рокот, доставени се вкупно пет кандидатури.

Во трката за градоначалник на Штип со мандат до октомври 2021 година влегуваат независниот кандидат, Трајче Митев кој ги собра потребните 260 граѓански потписи, Лазар Наумов музичар од партијата ТМРО, потоа интервентниот кардиолог и актуелен пратеник, Сашко Николов од СДСМ, Гоце Ангелов од новата коалиција „Иднината во наши раце“, а составена од партиите Демократи и Македонска обединителна реформска организација-Работничка партија , а најголемо изненадување за штипјани е кандидатурата на Интегра-Македонска конзервативна партија, која за свој кандидат го избра Симон Поликарп, познат на штипјани како Џими, кој е роден во Нигерија, а во Штип доаѓа да студира, каде што веќе неколку децении живее и работи.

Андреева вели дека официјално овие се петмината кандидати за предвремените избори за градоначалник на Општина Штип.

ВМРО ДПМНЕ вчера попладнето по седницата на Извршниот комитет објави дека нема да учествува на овие избори и да делигира свој кандидат. Тие побараа да се одложат изборите, бидејќи здравјето на граѓаните во моментов било најважно.

Изборите за градоначалник во Штип и Пласница се закажани на 13 ти декември, ќе се гласа според здравствените протоколи на предвремените парламентарни избори. На 11 декември гласаат болните од Ковид-19, на 12 декември болните, изнемоштени лица и осудениците во затворите, а на 13 ти декември е изборниот ден, кога гласачките места се отвораат во 7 часот.

Би можело да ве интересира

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Притворен е раководител на образовен центар во Штип, допираше по телото ученички

Горан Наумовски

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан во Штип

ВИДЕО: Вандализирано најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“, наставата прекината

Катерина Ѓуровски

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство