Пет години откако Заев и Борисов се изгушкаа по потпишувањето на Договорот за добрососедство

Од:

Борисов потсети дека денеска се навршуваат точно пет години откако со тогашниот премиер Зоран Заев го потпиша Договорот за пријателство и добрососедство.

Тој смета дека благодарение на ГЕРБ Македонија и Албанија тргнале по европскиот пат и дека Бугарија во тоа време била првата што ги поддржала за НАТО.

Пред пет години на денешен ден премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, го потпишаа Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, како дел од посетата на високата државна делегација на Република Бугарија.

Во обраќањето по свечениот чин на потпишување на договорот, премиерот Заев истакна дека Република Македонија и Република Бугарија направиле историски чекор напред и дека го поставиле минатото како темел на иднината и со тоа отворија пат за стабилност и развој за двете држави и за балканскиот регион, како и за евроатлантските перспективи на Република Македонија.

„Се гордееме со пораката што ја испраќаме до земјите од регинот и Европа за овој храбар чекор што го прават нашите две земји. Покажавме взаемен капацитет да ги решиме проблемите и отворените прашања на мирен и транспарентен начин без посредство и медијаторство што претставува огромен успех за иднината и доброто на граѓаните од двете земји. Убеден сум дека граѓаните на Република Македонија и Република Бугарија ќе го почитуваат тоа што го постигнавме,“ истакна тогашниот премиер Заев.

Резултатите кои произлегоа од Договорот за добрососедство после пет години се вето од Бугарија, условен почеток на преговорите со ЕУ, непризнавање на македонскиот јазик и прифатени барања од Софија да преговараме за историјата и да ги менуваме учебниците без реципроцитет.

Би можело да ве интересира

Политиката на свиткана кичма на Заев донесе штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева реагира ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев се лицето и опачината на истата паричка – ортаци се во криминалот и корупцијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Заев

Борисов: Во моментов никој не може да формира влада

Горан Наумовски

Мицкоски: Подготвени сме за разговор, не е добрососедство ако едната страна е понижена, а другата ликува

Сега веќе не можете да сметате на нашата поддршка, порака од Борисов до Мицкоски

Катерина Ѓуровски