Перкс: Потребни се напори од целото општество за обезбедување нормални услови за децата со посебни потреби

Од:

Директорот на канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија, Бенџамин Перкс на отворањето на еднодневниот филмски фестивал „Караван за детство без пречка во развојот“ истакна дека во изминатите неколку месеци Македонија бележи напредок во подобрување на условите за живот на лицата со попреченост.

– Во последните неколку месеци има напори од страна на Македонија, но не се неопходни напори само од страна на Владата, туку од страна на целото општество, на сите луѓе. Напредок има. Но, тоа е еден процес кој не може да се постигне се во еден ден, вели Паркс.

Според него сите земји во Европа во изминатите 20 до 30 години поминале низ извесен процес на обезбедување нормални услови, но треба да се работи уште на тоа поле, бидејќи половина од децата со посебни потреби не се вклучени во образовниот процес.

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски истакна дека локалната власт е поддржувач на ваквите настани и работи да се подигне јавната свест и да се подобрат условите на лицата со попреченост.

-Треба да ги згледаме сите креативни концепти и идеи, а со тоа да го промениме начинот на кој што општеството гледа на децата со попреченост и начинот на кој тоа се однесува кон нив. Сакаме јасно и гласно да се слушнат потребите и правата на децата со попреченост, да се создаде поволна клима која што ќе ги негува прифаќањето и суштинската интеграција на децата со попречености во рамки на заедницата, рече Бочварски.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“