Перкс: Децата жртви на насилство со поголеми шанси за проблеми во животот

Од:

Децата кои биле изложени на насилство, имаат потешкотии во своето учење, социјалниот и емоционалниот развој, развојот на мозокот и физичкиот развој. Тие имаат и поголема можност да бидат вовлечени во проблеми, криминал, да развијат зависности.

Ова се дел од согледувањата од истражувања и нови докази од невронауката и психологијата со кои се покажува директната поврзаност меѓу нивото на негативни искуства во детството со успехот во животот на возрасните што на денешното предавање „Познато лице-Насилството во животот на децата и адолесцентите“ ги сподели претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс на Филозофскиот факултет во Скопје.

– Она што може да се види е дека децата кои биле изложени на физичко насилство, дисфункционално семејство, емоционална злоупотреба, запоставување има многу повеќе шанси да бидат вовлечени во неволја, проблеми, да имаат полоша здравствена состојба, да имаат проблем со учењето. Сето тоа е во некаква корелација, вели Перкс.

Деца кои биле жртви на висок степен на насилство, или пак на неколку видови насилство, можат да имаат сериозни проблеми во развој на нивниот мозок, што повлекува сериозни проблеми во нивниот подовнежен живот. Тие можат да имаат висок степен на зависности, да бидат вовлечени во криминал и за 50 проценти поголеми шанси да извршат самоубиство.

Во Македонија околу 50 проценти од децата се соочиле со насилство. Во светски рамки, ситуација не е многу поразлична, само една петтина од децата никогаш не се соочиле со некаков вид насилство или траума во животот, а две третини се засегнати од два до четири типови траума.

Професорката Алма Тасевска од Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје се согласува со ставот дека насилството во раното детство има сериозни последици во натамошниот живот.

Затоа, вели, е потребен систем и работа со семејствата, но и градење капацитети за рано препознавање на насилството за да можат да се преземат неоходни мерки за негово намалување или спречување.

Би можело да ве интересира

Алиу најави можност лекар да може да евидентира во систем доколку забележи пациент што претрпел насилство, а не го пријавил

Пет случаи за семејно насилство во последното деноноќие, едно лице е уапсено

Горан Наумовски

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Сељами: Институционални пропусти кај семејното насилство – неопходна е итна реакција и без формална пријава

Приведени двајца кавадарчани, едниот го нападнал татко му, другиот поранешната сопруга

Катерина Ѓуровски