Пепељугоски: Нема да ме чуди ако хакери упаднат кај премиерот или претседателот, институциите немаат софтвери за заштита од хакерски напади

Од:

„Нема да ме чуди доколку овие или сосема други т.н. хакери се осмелат да влезат дури и во канцеларијaта на премиерот, претседателот или на друга витална институција, затоа што ниту една од нив нема инсталирано софтвер за заштита од хакерски напади“, вели адвокатот Валентин Пепељугоски, чијашто област на делување е кибер-криминалот, по нападите врз веб-страниците на Министерството за здравство и Министерството за образование и наука, како и врз сајтот на Државната изборна комисија.

Пепељугоски своето мислење го темели на, како што рече, искуството од западните земји, кои имаат многу посилна заштита на податоците, а се цел на хакери, за разлика од тука, каде информациите на институциите се лесно податливи и незаштитени.

„МВР има јак тим и верувам дека ќе ги открие хакерите кои стојат зад нападите. Но, немате гаранција дека утре некоја друг револтиран на таа институција кој добро ја познава ИТ-проблематиката нема да влезе во серверите на МВР и да ги сруши. Не би сакал да помислам што ќе се случи ако влезат во системот на матична евиденција, родени, починати, венчани, можно е да снема цели дискови со веродостојни податоци за граѓаните или едноставно да направат хаос таму. Проблемот може да биде решен со инсталирање софтвери за заштита од хакерски напади. Но, ниту една од државните институции нема набавено ваков софтвер, затоа што тие се многу скапи, а, за жал, кој нас не се издвојуваат пари за оваа намена. Вакви софтвери имаат банките, осигурителните компании, кои не можат да си дозволат да бидат хакирани и поради тоа да ја изгубат  довербата на клиентите“ , вели Пепељугоски за „А1он“.

Хакерските напади се казниво кривично дело, вели Пепељугоски, а за вакви дејства се предвидени затворски казни.

„Лицата кои вршат напад врз одредена институција на ваков начин подлежат на кривично гонење и тоа стои во Кривичниот законик. Без оглед дали лицата во случајот „AnonOpsMKD“ како што се нарекуваат, хакирале од Америка, Европа или од населба Карпош од Скопје – кога ќе бидат откриени, каде и да се наоѓаат, ќе сносат одговорност.

Доколку не се наоѓаат во државата, Одделението за компјутерски криминал при МВР ќе испрати допис до тамошното одделение и тие ќе бидат изведени пред судот, кој може да им изрече затворски казни од 10 години“, објаснува адвокатот Пепељугоски.

Инаку, од МВР велат дека работат на случајот и дека имаат сознанија за хакерската група, но заради завршување на истрагата нема да споделуваат информации во јавноста. Покрај уривањето на веб -страниците на двете министерства, пред десетина дена цел на хакерски напад беше и агрегаторот за вести Тиме.мк.

Би можело да ве интересира

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Кинеските хакери имале пристап до одредена американска инфраструктура најмалку пет години

Кинески хакери нападнале стотици домашни рутери во САД и ги користеле за шпионирање

Хакери го нападнаа српското Електростопанство, украдените податоци ги објавуваат на интернет

А1он

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Хакери го нападнаа Лас Вегас