Пензионерите кои се за линеарно зголемување на пензиите ќе протестираат во понеделник пред Уставниот суд

Од:

Пенизонерите кои се за линеарно зголемување на пензиите денеска од Штип порачаа дека во понеделник на 1 декември пензионерите од државата ќе протестираат пред Уставен Суд во Скопје, со цел како што велат да продолжи линеарното пресметување на пензиите. Тие на денешната прес-конференција повикаа на масовност, со цел заеднички да се изборат за нивните права.

-Во понеделник во 11 часот пред Уставен Суд во Скопје ќе протестираме, од цела Македонија, изјави пензионерот Зоран Трајков. Трајче Станојков пензионер од Свети Николе најави ако во понеделник протестот не вроди со плод, веќе на 10 декември продолжуваат со протести, бидејќи не се откажуваат од нивните барања. Тој додаде дека освен линеарното усогласување на пензиите ќе бараат и К-15, покачување на посмртнината, како и воведување на пензионерска картичка. Пензионерот од Штип, Трајче Митев вели дека имаат и конкретни барања.

-Ќе се бориме за покачување на посмртннина од 35.000 на 50.000 денари. Ќе создадеме фронт да се воведе пензионерската картичка, вели Митев.

Во Штип денеска се собраа пензионерите од Штип, Свети Николе, Скопје, Куманово.

-Сите ќе се залагаме да дојдеме во Скопје, за да и кажеме дека е доста дискриминација. Ние бараме да земеме линеарно покажување на пензиите, вели пензиионерката Вера Јовановска.

Пензионерите најпрво добија пет илјади денари линеаро покачување на пензиите, во септември на картичка добија уште илјада денари, а во март наредната година треба да има ново линеарно усогласување за илјада денари.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Трајков: Идентитетот е вредност што мора да се чува

Горан Наумовски

СДСМ: Додека Европа ја преиспитува Конвенцијата за мигрантите, Македонија ризикува изолација

Горан Наумовски

Македонија и Србија со рок: Гасниот интерконектор ќе е готов до 2027 година

Горан Наумовски

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје