Пензионерите до политичарите: Не изневеривте, а ние сме тие што на избори го решаваме победникот

Од:

Со барање за оставка од претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова, почна денешниот протест на пензионерите во Скопје на кој дојдоа пензионери од сите краишта на земјава.

Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари и бараат Владата да не ги понижува во оваа тешка економска криза.

– Овие барања се на сите пензионери од цела Македонија. Да им ги дадеме овие пензии да поживеат неколку месеци. Како не им е срам, младите си одат. Се запустија, здравство, земјоделие за никаде. Се уништија, а ми кажуваат статистика. Нема задоволен од неговата пензија.

Земам 12.800 денари, не се живее со тие пари. И 3.500 денари се малку, барем 5.000 денари да ни зголемат. Ноќе умирам, дење воскреснувам: не знам каде парите да ги дадам, дали за струја, за вода или за ѓубре. За луксуз, за сирење, за праска, за тие работи треба да пишам крст – порачаа пензионерите од Велес, Штип и од останатите градови.

Пензионерите не планираат да запрат се додека не им се исполнат нивните барања. На политичарите им порачаа дека нивните 300.000 гласа секогаш го одлучуваат победникот на избори

– Излеговме и допрва ќе излегуваме на протест. Го поминавме цел работен стаж во Република МАкедонија, а сега земаме пензија од Северна Македонија. Не сме дојдени од старост и лудост, туку од старост и гордост. Не убедуваат дека 78% е рамно на 6%. Денес протестираме за сегашноста, а ни лепат паетиски етикети. Не видов тука никој да ја покаже партиската книшка, сега сме единствени.

Бројката на пензионери е 300.000. Две третини се на работ на сиромаштија. Ние сме тие што излегуваме на избори и го решаваме победникот, а секогаш не изневеруваат. Ние сме тие што ќе ја создадеме иднината, ама не треба да бидеме понижени пред крајот на својот живот – истакнаа пензионерите од Штип.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски

Протест во Загреб против опасниот отпад во Госпиќ: Граѓаните бараат итна санација

Горан Наумовски

Протест на македонските транспортери: „Вака повеќе не може“, бараат решение од ЕУ

Горан Наумовски