Пензионери и вработени во неколку штипски институции добија заштитни маски

Од:

Штипските пензионери од рано утринава на пет пунктови им поделија околу 2500 заштитни маски и ракавици на членовите на Здружението на пензионери. Претседателот на Здружението, Ристе Нетков, вели дека овие маски се изработени од вредните раце на пензионерките.

-Здружението на пензионери денеска, исто така, донираше по 100 заштитни маски на Здружението на трудови инвалиди и Здружението на слепи од Штип. Оваа акција ќе продолжи и понатаму, но со апел до пензионерите да седиме дома и да го заштитеме здравјето наше и на нашите најблиски, изјави Нетков.

Директорката на градинката „Астибо“ Билјана Трајчевска информираше дека вработените од оваа градинка изработија заштитни маски од памучен материјал и тие се донирани.

-Донирани се 80 маски на корисниците на Народна кујна во Штип, потоа 100 во ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“ и на вработените во АД Македонска пошта – подружница Штип им дониравме педесет, рече Трајчевска.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип